Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Синоптичарите најавуваат дека од денеска и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, известуваат од УХМР.