Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.
УХМР информира дека до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура на места и над 40 степени поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од денеска во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме.
За време на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.