сабота, 19 октомври 2024
Се истражуваат првичните неофицијални информации

Сомнежни за крвавиот настан во Сончев Брег: Го принудувал на секс, па момчето зело колец и го убило

Објавено на

часот

Сподели

Убиството е извршено на почетокот на шумата каде има напуштена барака до која е расфрлано ѓубре.

Официјалните причини се истражуваат, а според бугарските медиуми во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот било утврдено дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. По извршени бројни оперативно-претресни активности и процесно-истражни дејствија, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери на широк периметар, констатирано е дека извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар. На младиот човек му е одреден притвор до 24 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ