сабота, 27 јули 2024

Сомнежите на ДКСК за кражба на лични податоци отфрлени од Јавното обвинителство

Јавното обвинителство (ЈО) ја отфрлило Иницијативата за кривично гонење на двајца поранешни директори од Управата за водење матични книги поради сомнежи за кражба на лични податоци на граѓаните но и поради сомнежи за злоупотреба на јавни набавки, информираше денеска членот на Државната комисија за борба против корупцијата (ДКС), Владимир Георгиев.

Објавено на

часот

Сподели

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во јули 2023 година постапувајќи по предметот поврзан со Управата за водење матични книги изрази сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани при дигитализацијата на матичните книги, со податоци за умрени, родени и венчани, спроведувана од фирмата Новатек Инв, а по распишан тендер од страна на Управата.

„Пред десетина дена добивме ивестување од Јавното обвинителство дека се отфрла Иницијативата за кривично гонење против двајца службеници од Управата за водење матични книги иако во постапката учествуваше и Финансиската полиција и Управата за заштита на личните податоци кои констатираа сериозни недоследности и недостатоци и непрволности во работењето на Управата. Постоеја сомнежи дека злоупотреба на јавните набавки како и постоење ризик од кражба на идентитетот на граѓаните“, кажа денеска Георгиев.

Според прибраните податоци на ДКСК во двете тендерски постапки не биле предвидени соодветни заштитни мерки со цел да се зачуваат личните податоци на граѓаните при скенирањето, контролата, управувањето, преносот и обработката на личните податоци од страна на економските оператори врз основа на договорите склучени со Управата за водење на матични книги.

Директорот на Управата за водење на матични книги во февруари 2021 година, донел Одлука дека фирмата Новатек Инв е најповолен понудувач во конзорциум со фирмата Аукта од Скопје. Сомнежите биле подгреани затоа што Новатек Инв била основана во декември, на крајот од 2020 година, непосредно пред започнувањето на постапката за доделување на договорот за јавната набавка.

Освен ова, ДКСК изрази сомнеж дека тендерите се добиени како производ на незаконски влијанија, а тоа е поткрепено и со наоди на Управата за финансиска полиција.

„Имаме ситуација на изразени ризици дека се изнесени лични податоци на граѓаните и не се знае каде се отидени“, изјави во јули 2023 година, Георгиев.

Иако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) веќе водело истрага уште од 2021 година, тоа не било причина фирмата во два наврати, со два различни директори кои се менувале во Управата за водење матични книги да го добива тендерот за дигитализација.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ