сабота, 27 јули 2024

Солуција на Никола Димитров – ново движење или невладина организација

Објавено на

часот

Сподели

„Сум работел со речиси сите и со сите сум се разишол. И мислам дека е тоа здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и дека не се оди по вистинскиот пат, многу е поздраво да се држи до своето убедување и до својата совест отколку да вика магарето лета. Оти од викање лета ли магарето, лета магарето, стигнавме до ова дереџе. Јас во блиска иднина ќе ѝ обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Да видиме колку граѓани има што сакаат во оваа држава да има ред и колку граѓани има што сакаат законот, системот да важи на целата територија и да биде еднаков кон секој граѓанин“, изјави за ТВ21 Никола Димитров.

Засега како дел од Солуција, движењето или невладината организација на Димитров, се споменуваат неколку новинарски имиња од Македонија.

Димитров во Владата на Зоран Заев најпрво беше министер за надворешни работи, а потоа по изборите во 2020 беше вицепремиер за европски прашања. Без функција остана во јануари минатата година, кога Владата ја кроеше актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Во моментов тој е ангажиран од Балканската група за истражувачки политики, невладина организација во Приштина, на проект насочен кон зајакнување на стабилноста и државноста, како и на европската агенда на Косово.

                                                                                                                                                              А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ