петок, 26 јули 2024

Солуција: Делегацијата на ЕУ е загрижена за случувањата во М-НАВ и бара итна истрага

„Делегацијата на ЕУ со загриженост ги следи случувањата во врска со националниот давател на услуги за воздушна навигација М-НАВ”, стои во реакцијата на Делегацијата која бара итна истрага и мерит систем при вработувањата.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Балканскиот центар за конструктивни Солуција„ Делегацијата на ЕУ смета дека императив е именувањата во националниот давател на услуги за воздухопловна навигација и поврзаните услуги, исто како и за другите институции, да се засноваат на заслуги, квалификација и искуство.

„Потсетуваме на фактот дека Северна Македонија се обврза да го имплементира законодавството на ЕУ што се однесува на давателите на услуги за воздушна навигација (ANSPs).

Ова вклучува одредби за да се обезбеди независност од државата, одредби дека персоналот – особено контролорите на летање – ги исполнува законските барања за такви работни места и дека обезбедувањето на услугата ги почитува целите во однос на безбедноста, економичноста, капацитетот и животната средина.

Очекуваме државните власти итно да ги истражат наводите за клиентелизам при назначувањата во овие служби.

Исто така, очекуваме институциите да ги истражат и извештаите за несоодветни надворешни влијанија и насилство врз персоналот што работи во М-НАВ”, смета Делегацијата на ЕУ.

Од Солуција потсетуваат дека претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски веднаш по големиот скандал со насилниот упад во контролната кула беше повикан во Делегацијата на ЕУ за да ги објасни состојбите и проблемите на клиентелизам и партизација во вработувањата на кои Синдикатот алармираше.

Тасевски по средбата со официјалните претставници во Делегацијата на ЕУ изјави:

„Имаме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме и ние да функционираме. Делегацијата на ЕУ ни даде поддршка за сите дејствија што ни стојат на располагање. Жално е што ова одекна насекаде, но ова веќе ги поминува гаранциите од нашата држава бидејќи очигледно е дека ако останеме во рамки на нашата држава не ја добиваме потребната поддршка во однос на она што треба да се направи за да бидеме професионална контрола на летање“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ