Црниот дроб помага во различни витални функции како варење, метаболизам, детоксикација и слично, приближно 25 отсто од светската популација е зафатена од заболувања на црниот дроб кои можат да бидат од различни типови како хепатитис, цироза, масни заболувања на црниот дроб или безалкохолни масни заболувања на црниот дроб, пренесува Сарводај хоспитал.
Заболувањата на црниот дроб, доколку не се откријат навреме и не се лекуваат, може да доведат до оштетување на функцијата на црниот дроб и да станат фатални.
Обезбедете го неговото непречено функционирање со напиток од морков што треба да го пиете наутро на празен стомак.
Морковите се богати со бета-каротин, кој телото го претвора во витамин А. Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на црниот дроб, бидејќи помага да се заштити црниот дроб од оштетување. Сокот од морков, исто така, помага во подобрување на варењето и детоксикацијата.
Подготовка на сок од морков:
6 мали моркови
1 помало парче ѓумбир
1 голем лимон
200 милилитри вода
Излупете го морковот, исплакнете под млаз вода, излупете го ѓумбирот и излупете го лимонот. Сите состојки (лимон без кора) се ставаат во миксер и убаво се мешаат. Кога сѐ убаво ќе се соедини, имате пијалак што треба да го пиете на празен стомак.