сабота, 27 јули 2024
СЕ ПОЖАЛИ НА НЕСЕРИОЗЕН И НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП

Соиграч на Роналдо ги критикуваше Саудијците и открива: Многу играчи се незадоволни

Ајмерик Лапорт открива дека многу фудбалери кои ја заменила Европа со Саудиска Арабија не се задоволни од престојот на Арапскиот полуостров, се пожали од несериозност и непрофесионалност.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, многу звучни миња ја напуштија Европа и се преселија во Саудиска Арабија, не можеа да одолеа на огромните плати и милионите кои им се нудеа.

Џордан Хендерсон беше еден од нив, но поранешниот капитен на Ливерпул издржа само шест месци, и оваа недела се врати на стариот континент, потпиша за Ајакс.

Но тој не е единствениот кој не е задоволен од авантурата, Ајмерик Лапорт вели дека ова го мислат и уште многу други.

„Голема е промената во однос на Европа, потребна е адаптација, но Саудијците не ни ја олеснуваат работата. Има многу играчи кои се незадоволни“ – вели дефанзивецот, кој му е соиграч на Кристијано Роналдо во Ал Наср.

„Но се работи на ова, да речам дека преговараме, ќе видиме дали ќе има некаков напредок, и за нив сето ова е ново, да имаат фудбалери од Европа со големи кариери. Можеби и тие не се навкинати на нешто вакво и треба да се адаптираат на нешто што е многу посериозно“.

Запрашан да објасни што му пречи, Ајмерик Лапорт вели: „Треба да бидат малку посериозни, попрофесионални. Џабе им даваш ултиматум, тие се тераат по свое. Се договараш едно, но откако ќе потпишеш, тие прават друго“.

„Можам да зборувам од лично искуство, прават се за да те донесат, но после кога си тука, се однесуваат сосема поинаку“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ