сабота, 27 јули 2024

Согласни сме за економските приоритети на идната влада, изјавија Мицкоски и Ќура во СКСЗМ

Имавме конструктивна средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и стручњаците за економија од неговата партија во врска со програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Утврдивме дека има точки за кои се согласуваме и се дел од нашата платформа и очекуваме новата влада да ги решава проблемите. Ова го изјави претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќура по разговорите со делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„И порано сме имале состаноци со ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја преставивме и нашата платформа каде се лоцирани проблемите за кои бараме решение. Во некои точки се согласуваме со програмата на ВМРО-ДПМНЕ и тие се содржани во нивната програмата. Задоволни сме што е така. Ние како независна институција ќе реагираме доколку не се реализираат тие точки“, рече Ќура.

Тој ги наведе трите главни точки од платформата на оваа комора.

„Владеење на правото, борба против сивата економија и борба против корупцијата, тоа се трите наши најбитни точки од платформата и очекуваме да бидат остварени во наредниот период низ работата на новата влада“, нагласи Ќура.

Мицкоски потоа оцени дека состанокот бил квалитетет и дека било  разговарано за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198.

„Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора на северозападна Македонија се содржани во самата програма Платформа 1198.
Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата. Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат. Јас сум човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме просперитетна држава, европ, држава буквално подеднаква за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ