сабота, 5 октомври 2024

Софија повтори дека не е за посредување меѓу ЕУ и земја кандидат

Скопје го декларира како свој основен надворешнополитички приоритет присоединувањето кон европското семејство на вредности и правила. Тоа подразбира стриктно придржување кон добро познатите преземени ангажмани, реагира Министерство за надворешни работи на Бугарија по „континуираните изјави од претставници на Република Северна Македонија, кои го ставаат под сомневање принципот pacta sunt servanda“.

Објавено на

часот

Сподели

„Процесот на европска интеграција се заснова на сопствените заслуги и не допушта посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат. Единствената гаранција за успех е исполнувањето на воспоставените критериуми и услови“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

БТА ја цитира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека унгарскиот премиер Виктор Орбан понудил да биде домаќин на средба меѓу Бугарија и Македонија „за да се види дали може да се приближат позициите“, за да може Скопје да почне преговори со ЕУ, а Унијата да биде арбитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ