сабота, 19 октомври 2024

Социјално-економскиот совет ја претстави предлог методологијата за пораст на платите во јавниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

На седницата беа присутни вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерот за економија, Зоран Маневски, претставници на институциите, претставници на синдикатите и претставници на работодавачите.

На состанокот од страна на претставниците на Владата беше презентирана предлог методологија за пораст на платите во јавниот сектор.

„По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок  синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика“, информираат од владината прес-служба.

Наредната седница на Економско социјалниот совет ќе биде одржана откако ќе бидат доставени предлозите од синдикатите за методологија за пораст на платите во јавниот сектор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ