вторник, 22 октомври 2024

Социјалистите и зелените нема да учествуваат во нови преговори со Макрон за формирање француска влада

Француските социјалисти и зелени нема да учествуваат во понатамошни разговори со претседателот Емануел Макрон за наоѓањето излез од политичкиот ќорсокак во таа земја, соопштија денес нивните лидери, повикувајќи ги своите поддржувачи наместо тоа да одржат мирни протести.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон во понеделникот ја исклучи можноста за левичарска влада, проценувајќи дека мнозинството пратеници од другите табори веднаш ќе ја тргнат од власта и свика уште една рунда маратонски преговори со лидерите на партиите.

Меѓутоа, соочен со поделен парламент во кој секоја од трите речиси еднакви групи – левицата, центристите на Макрон и крајната десница – ја исклучија можноста за формирање коалиција, претседателот е, се чини, повторно на почетокот.

„Ни ги крадат овие избори“, кажа шефицата на зелените Марин Тонделе за локално радио.

Таа кажа дека нејзината партија нема да ги продолжи „лажните консултации со претседателот кој и онака не слуша и кој е опседнат со задржување на контролата“.

„Тој не бара решение, тој се обидува да го опструира“, кажа Тонделе.

Претседателот на Социјалистичката партија Оливие Фор кажа за телевизијата Франс 2 дека нема да се впушта во, како што кажа, пародија на демократијата сега кога изгледите за влада која ја предводат левичарите се исклучени.

Новиот народен фронт (НФП), сојузот на партии во распон од умерени социјалисти и зелени до евроскептичната Непокорена Франција (ЛФИ), освои најмногу гласови на вонредните парламентарни избори ова лето. Тоа ги наведе нејзините лидери да тврдат дека имаат право да ја формираат следната влада.

Нивните надежи дека ќе формираат влада избледеа по неделите спорење и ценкање во кои политичките ривали јасно дадоа до знаење дека ќе се спротивстават на секоја левичарска влада освен ако не ги прекинат врските со ЛФИ и нејзиниот лидер Жан Лук Меланшон.

Макрон смета дека рамнотежата на силите повеќе лежи на центарот или на десниот центар. Меѓутоа, таквиот сојуз би барал поделба на левицата за поумерените фракции да ја поддржат владата, што левичарските лидери повеќе пати го отфрлија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ