петок, 21 март 2025

Сочувство за трагедијата во Кочани од министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг

Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг изрази длабоко сочувство за жртвите во пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а 178 се повредени.

Објавено на

часот

Сподели

„Австралија е во длабока тага поради трагичниот пожар во ноќен клуб во Македонија, кој однесе над 50 животи. Испраќаме искрено сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Вонг на социјалната мрежа „Х“.

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а 178 се повредени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ