Се наведува дека со длабока болка Македонците ја примиле веста за националната трагедија од 16 март, во која животот го загубија 59 млади, а многу останаа повредени, дека чувствуваат, тагуваат и сочувствуваат со настраданите.
„Во мое лично име и во името на Македонското друштво „Илинден”-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам искрено и длабоко сочувство до вас, како претседателка и премиер на Македонија и до семејствата на загинатите. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се наведува во телеграмата со сочувство.
Веруваме дека „овие тешки моменти за нашата татковина Македонија ќе бидат надминати и уште еднаш ја изразуваме нашата поддршка и охрабрување за надминување на оваа траорна слика”.
„Во овие тешки моменти, срцата на Македонците во Република Албанија се со вас. Бог да биде со семејствата на починатите и повредените и со народот на Македонија”, стои во телеграмите со сочувство.