вторник, 24 декември 2024

Сочуство од македонската претседателка за загинатите во несреќата во Нови Сад

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад.

Објавено на

часот

Сподели

„ Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на Железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Силјановска-Давкова на Фејсбук.

На Железничката станица во Нови Сад, денеска во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата. Под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од урнатините досега се извлечени 14 тела.

Во Србија утре е прогласен Ден на жалост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ