сабота, 26 октомври 2024

Собраниската комисија за следење на комуникациите се сомнева дека ОТА може да прислушува 2 милиони граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, на својата 15-та седница, почнувајќи од 23 мај 2023 година одржа пет продолженија, разгледувајќи информација за работењето на Оперативно техничката – агенција – ОТА. Притоа комисијата, постапувајќи во рамките на својата надлежност, утврди сериозен сомнеж дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите односно дека извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Ваквото прекршување на Законот отвора можност за загрозување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните, како и повреда на човековите слободи и права утврдени со Устав, закон и меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија. Согласно со закон предвидените надлежности како Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донесовме заклучок за оваа сомневање да го известиме Јавниот обвинител на Република Македонија“, рече Петрушевски.

Свесни дека во Република Македонија во минатото се случиле многу скандали од доменот на незаконското следење на комуникациите, должни сме да укажеме дека со ваквото евентуално прекршување на Законот за следење на комуникациите се создава можност за скандал од досега невидени размери, кажа Петрушевски.

„Од досега изнесеното, неминовно се поставува прашањето зошто, некој на помалку од 2 месеци пред заминување од функцијата, го прави ова токму во овој момент, кога се актуелни уставните измени? Дозволете да ѝ се извинам на целокупната јавност што во моментов не сум во можност да изнесам повеќе детали, бидејќи се работи за класифицирани информации со највисок степен – државна тајна“, рече Петрушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ