понеделник, 16 септември 2024

Уште една собраниска комисија го одби предлогот на ДУИ за игри на среќа само во хотели со пет ѕвезци

Собраниската Законодавно-правна комисија го одби предлогот, доставен од Европскиот фронт предводен од ДУИ, за законски измени со кои игрите на среќа би можеле да се организираат само во хотели со пет ѕвезди.

Објавено на

часот

Сподели

Со девет гласови „за“, два „против“ и ниту еден воздржан, собраниската Законодавно правната комисија констатира дека предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање поднесен од пратениците на Европски фронт не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Претседателот на Законодавно правната комисија Александар Велјановски нагласи дека вчера и матичното работно тело Комисијата за финансирање и буџет констатирала дека овој Закон не е прифатлив и дека не треба да се даде на натамошно читање.

Иљире Даути од Европски фронт Иљире Даути претходно, образлож зошто игрите на среќа треба да се организираат само во хотели со пет ѕвезди.

„Нема место околу училиштата, верските и културните објекти каде нема вакви објекти на игрите на среќа. Сите ние треба да претендираме да сме држава, среќата на народот да биде преку вработувања и други работи за да имаат материјални придобивки, а не на овој начин. Првата точка е поради фактот дека целиот проблем стои во тоа дека нема ограничувања што се однесува на овие дејности каде ќе се одвива. Секој објект што е слободен во територија може да се искористи без ниту една пречка и за ваква дејност за приредување на игри на среќа. Немајќи вакви ограничувања дојдовме до ситуација дека тие можат да се отворат толку многу вакви објекти на игри на среќа и има такви мислења кои што велат дека игрите на среќа е подобро воопшто да не постојат. Дојдовме до решение дека најдобро е да бидат дислоцирани само во хотели со пет ѕвезди“, рече таа.

 

Како што потенцира Даути, со денот на влегување во сила на овој закон приредувачите на игри на среќа во казината, обложувалниците, автомат клубовите и томбола од затворен тип за секое истакнување на назив, реклами, објави и огласи на јавни места како и за назив на деловна просторија, да плаќаат месечен износ од 200 евра во денарска противвредноста за секој метар квадратен од површината на која се наоѓа називот, рекламата, објавата и огласот кои средства ќе се уплатат на посебна сметка на општината на чија територија се наоѓа деловната просторија.

„Уплатените средства од приредувачите на игрите на среќа, општините да ги користат за поддршка на спортот и спортските активности на општината, лицата со посебни потреби, инвалидските организации и здруженијата на граѓани за борба против семејното насилство“, нагласи пратеничката.

Без никакво образложение и појаснување, претседателот на комисијата Велјановски ги повлече од дневен ред на седницата Предлог на законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, Предлог на законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, Предлог на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, сите три во второ читање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ