понеделник, 10 март 2025

Собраниска делегација им оддаде почит на депортираните битолски Евреи

По повод 11 Март – Денот на депортацијата на македонските Евреи, 82 години од холокаустот на македонските Евреи, собраниска делегација составена од пратениците Пеце Милевски, Олга Лозановска и Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе положи цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Како што најави собраниската прес-служба,  собраниска делегација утре ќе положи цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип, а задутре во Скопје на Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, поранешен скопски Монопол (Империјал Тобако ТКС), на Споменикот на депортираните Евреи – Еврејски гробишта и на Споменикот на паднатите борци во НОБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ