сабота, 27 јули 2024

Собранието соопшти дека Џафери и Демири можат да ги вршат владините работи до изборот на новата влада  

На конститутивната седница на Собранието на Македонија, одржана на 28 мај, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници  во 11-от состав на Собранието. Притоа Собранието констатираше дека: „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата. Заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата ќе ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада, соопшти попладнево Собранието во врска со актуелните дискусии за тоа дали Талат Џафери и Илир Демири можат одреден период да бидат и пратеници и технички премниер и министер за здравство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Оваа практика не се случува за првпат, потсетува Собранието во соопштението.

Од записите за минатите собраниски состави може да се види дека во мандатниот период 1998-2002 на конститутивната седница одржана на 19 ноември 1998 година, во мандатниот период 2002-2006 на конститутивната седница одржана на 3 октомври 2002 година, во мандатниот период 2006-2008 на конститутивната седница одржана на 26 јули 2006 година по верификацијата на мандатот на пратениците, на сите овие седници беше констатирано дека претседателот на Владата и на одреден број членови на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата и заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата ќе ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова Влада.

Имено, кога не станува збор за оставка на претседателот на Владата, односно на Владата, кога ѝ е изгласана недоверба на Владата или кога е распуштено Собранието, во Уставот,  Законот за пратениците, Законот за Собранието и Изборниот законик, не постои одредба која што го уредува прашањето за функционирањето и престанокот на мандатот на Владата, во периодот по конституирањето на Собранието до изборот на нова Влада.

Во конкретниот случај треба да се има предвид дека во членовите 43, 44 и 46 во Законот за Владата уредено е прашањето за престанок на мандатот само на министерот за внатрешни работи и на министерот за труд и социјална политика и за престанокот на функциите на дополнителните министри, а за претседателот на Владата и за останатите  членови на Владата во законот не постои решение ниту постапка за престанок на функцијата.

На овој начин, и на 28 мај 2024 година преставниците на политичките партии во   Собранието пред конститутивната седница и на самата конститутивна седница останаа  конзистентни, односно остана на ставот на Собранието од наведените мандатни периоди, заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата да ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова Влада.

На овој начин се обезбедува стабилноста и уредната транзиција на власта, обезбедувајќи продолжување на виталните функции на владеењето без каков било престанок, соопшти македонското Собрание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ