Вучевиќ функцијата премиер ќе ја врши во техничкиот мандат до изборот на нов премиер, а рокот за избор нова влада е 30 дена.
Доколку во тој рок нема да биде избрана нова влада, се распишуваат парламентарни избори, пренесува РТС.
Претседателката на собранието на Србија Ана Брнабиќ му се заблагодари на Вучевиќ за „совесното и чесно вршење на работата“ додека ја извршуваше функцијата премиер.
Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, откако во Нови Сад студентите во блокадата ги претепале напаѓачи што излегле од просториите на владејачката Српска напредна партија.
Владата го избра Милош Вучевиќ на 2 мај минатата година.