сабота, 27 јули 2024

Собранието на Македонија треба да си извади имотен лист

Објавено на

часот

Сподели

Ревизорите препорачуваат да продолжат активностите за запишување на правото на сопственост, односно правото на користење на имотот со кој располага Собранието, како и да се воспостави целосна евиденција на книгите.

Во однос на финансиските извештаи со ревизијата се нотира дека имајќи ги предвид обемот на работа и специфичната природа на функционирање, постои потреба од донесување на сметководствени политики за изготвување, презентирање и обелоденување на финансиските извештаи, со цел внесот на податоци во деловните книги да е во согласност со меѓународните сметководствени стандарди за јавен сектор.

Интересно е дека не се утврдени критериуми за
стручните квалификации и компетенции на надворешните соработници на пратеничките групи, кои согласно законските одредби, пратеничките групи имаат право да ги ангажираат.

Ревизијата смета дека од предвидените 72 канцеларии дури 26 не функционираат за својата намена да обезбедат услови за контакти на пратеникот со граѓаните од неговата изборна единица, а дека во најголемиот број од останатите општините не придонеле да се создадат соодветни услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ