вторник, 17 септември 2024

Собранието конечно го утврди дневниот ред на 14-тата седница

  • По целодневна расправа доцна попладнево со 58 гласа за, 14 против и без воздржани Собранието го утврди дневниот ред на 14-тата седница. Со тоа помина предлогот на пратеникот Бојан Стојаноски на дневен ред на седницата да се стави предлог законот за задолжување на Македонија во износ од половина милијарда евра кај Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

Со мнозинство од 62 гласа попладнево Собранието го изгласа и предлогот на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на 14-тата седница да се дополни со предлог-законот за задолжување на Македонија од 500 милиони евра кај унгарската Експорт-импорт банка.

Претходно претпладнево со 71 глас за пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Собранието со  69 гласа  за, 17 против и без воздржани, прифати по скратена постапка во рамките на 14-тата седница да се носи предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ