петок, 20 септември 2024

Собранието ќе расправа за посебните извештаи на ДКСК за потрошените пари за претседателските и парламентарните избори

Собраниската комсисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ги разгледа Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за избор на Претседател 2024 година и Посебниот извештај за утврдени состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на пратеници во Собранието 2024 година и го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, образложувајќи ги двата извештаи, истакна дека во овие документи обезбедиле детална анализа на финансиските текови на идентификуваните слабости, и дале предлог мерки за подобрување на транспаретноста и ефикасноста во изборните активности.

Посочи дека Комисијата постигнала значителен успех во борба против корупцијата и покажала ефикасност и решителност во справување со случаи на неправилности поврзани со изборната кампања, при што се преземени санкции и мерки прорив одговорните лица.

„Овој извештај ги посочува конкретните случаи кои беа процесуирани од страна на Комисијата, што резултираше и со изрекување соодветни санкции и преземање мерки против одговорните лица. ДКСК преку своите активности ја зајакна својата улога како надзорен орган, и значително придонесовме за зголемување на довербата во изборниот процес“, рече Димитровска пред членовите на Комисијата.

Додаде дека секоја постапка била спроведена транспарентно, со што се обезбедила и поголема отчетност и одговорност од страна на политичките партии.

„Наша законска обврска е и да го ажурираме регистарот на службени моторни возила во соработка со МВР, за првпат во Комисијата е создадена единствена база на сите службени возила што ги користат државните институции, станува збор за над 13.000 службени возила што ги користат околу 1.300 државни институции. Констатиравме прекршување на одредбата од законот, односно значителен број институции, над 50 проценти, немаат доставено до ДКСК податоци за службените возила кои ги користат, меѓутоа поради постоење правна празнина во законот за спречување на корупција, не бевме во можност да поведеме прекршочна постапка, бидејќи во законот не е е утврдена висина на глоба, што значи дека на овој начин сме оневозможени да следиме дали службените возила се користат за потребите на кампањата, за приватни цели, а не само за службени цели“, рече таа.

Од вкупните извори на финансирање на изборната кампања, додаде, значителен број – 77 проценти за избор на претседател, за избор на пратеници 64 проценти, се средства од буџетот на државата.

„Како ДКСК сме на став дека потребно е државното финансирање да се укине поради постоење корупциски ризици и идно влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите“, рече таа.

Во однос на постапување на предмети од овој изборен процес, нагласи, ДКСК отворила 65 предмети кои се резултат на пријави за зоупотреби, односно сомневања за сторени повреди на Избирниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

„Дел од предметите се оформени по сопствена иницијатива, како и приговор кој беше поднесен од страна на еден организатор на изборна кампања. Од овие вкупно донесени одлуки, поведовме 6 иницијативи за кривично гонење, истите ги доставивме до ЈО и покренавме пет иницијативи за утврдување одговорност до одредени институции“, рече Димитровска.

Димитровска истакна и дека во однос на поднесените иницијативи особено за изборниот процес за кривично гонење до Јавното обвинителство (ЈО), веќе се преземаат мерки од страна на ЈО известени сме за идни активности, што значи дека дел од овие иницијативи за кривично гонење понатаму ќе бидат проследени до основните судови.

На седницата на Комисијата беше изгласан и предлогот за формирање група за следење на имплементацијата на Законот за лица без државјанство.

Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ