сабота, 27 јули 2024

Собранието ќе работи по полноќ за да се донесе законот што го предложи Мицкоски

По Комисијата за политички систем, вечерва и собраниската Законодавно правна комисија даде виза за предлог законот што го предложи мандатарот за состав на нова влада и пратеник Христијан Мицкоски а веќе доцна вечерва започна и пленарната седница посветена на законскиот предлог. Седницата ќе продолжи по полноќ, поради барањето од Левица за пауза.

Објавено на

часот

Сподели

Собранието вечерва ја продолжи втората седница на која на дневен ред е
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка. Но, по самиот почеток, пратеникот на Левица Борислав Крмов побара еден час пауза повикувајќи се на член на деловникот за работа на Собранието, заради. како што кажа да се забави носењето на законот.

„До вчера плачеа дека Талат Џафери злоупотребувал процедури, а сега помеѓу комисиите нема ни паузи и се одржуваат во истата сала со истите службеници само претседателот го менуваат! Алал вера. Ниво на фабричка ефикасност! Излезете на мегдан да ги соочиме аргументите? Што е проблемот јунаци? Ич да не се секирате, ќе седиме цела ноќ ако треба ама раатот ќе ви го земеме“, кажа Крмов за време на паузата.
Се очекува седницата да продолжи десетина минути пред полноќ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ