сабота, 27 јули 2024

Собранието ќе носи законски измени за рекомпонирање на министерствата и за изборите за градоначалници

Во Собранието на Македонија можно уште во понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство да поднесат законски измени со кои ќе се извршои транформација на министерствата, спојување на ресори и формирање на нови, нешто што идниот мандатар Христијан Мицкоски го најави по изборите. Во исто време, се очекува да бидат поднесени и законски измени со кои до редовниот термин за локаните избори идната година нема да се одржат избори за градоначалници во општините во кои актуелните градоначалници станале или пратеници или ќе бидат министри.

Објавено на

часот

Сподели

Партиски извори брифираат дека во текот на викендов текстовите на законските измени ќе бидат подготвени и дека како подносители ќе се јават пратеници од новите коалициски партнери на мнозинството.

Можноста многу брзо да се расправа за овие законски измени ја најави и новиот претседател на Собранието на Македонија, Африм Гаши во своите први јавни настапи.

И Арбен Таравари, еден од лидерите на Вреди и градоначалник на Гостивар ја најави таа можност велејќи дека „не е фер граѓаните да излегуваат на избори за градоначалник сега, а потоа пак идната година“.

Таравари ќе почека до понеделник за да донесе одлука дали ќе прифати да биде министер за здравство или ќе остане градоначалник. За вршител на должност тој веќе има план тоа да биде претседателот на Советот на Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ