Како што е наведено, 26 дронови се соборени над Белгородската област, 10 над Брјанската област, осум над Курск, два над Тула и по еден над Смоленск, Рјазан, Калушка и Московската област, пренесува РИА Новости.
Двајца цивили се убиени во текот на ноќта во руската погранична област Белгород во напад на украинско беспилотно летало, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.
— Pluton (@Pluton45873221) April 20, 2024
Според него, две лица загинале кога приватна куќа во областа Грајворонски се запалила откако беспилотни летала фрлиле две експлозивни направи.
Напад со украински беспилотни летала е запрен во Смоленската област, а како последица на пад на дел од леталото избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.
— Pluton (@Pluton45873221) April 20, 2024
Тој прецизираше дека околу два часот по полноќ во Кардимовскиот округ имало обид за напад на објектот на енергетскиот комплекс со украински беспилотни летала и дека поради падот на делови од леталото се запалил контејнер со гориво.
Претходно во текот на ноќта, како резултат на експлозија на дрон, енергетската инфраструктура била оштетена во Малојарославецкиот округ во областа Калуга.