Собирот, како што најавија, е во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.
Како што информираат од МПЦ-ОА за МИА, целта е афирмација на христијанските и православни идеи за семејството, бракот, жената и децата.
Собирот беше отворен со изведба на неколку тропари, а претходно во 16.30 часот се одржаа вечерна богослужба и молебен.
Во тек е обраќање на архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан и академик Катица Ќулавкова.
На собирот присуствуваат претставници на католичката и евангелско-протестантската црква, меѓу кои и скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.