среда, 19 март 2025

Голем собир во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани (ФОТО+ВИДЕО)

Со 16-минутен молк на плоштадот „Македонија“ во Скопје почна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Граѓаните се собраа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Присутните ги држеа телефоните со вклучени светла за време на собирот за жртвите што ги загубија животите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изразувајќи сочувство и заедништво.

Низ транспарентите како „Народот страда додека системот одмара“, „Грутка во грлото, солзи во очите, не сте сами“, „Корупција пали, невини горат“, „Заради гнилиот систем, гниеме млади“, „Рекордери во денови на жалост“, „Младината ни изгоре во корупциски казан“, „Од алчност децата ги претворивте во пепел, а родителите ги завивте во црно“, „Сите години молчење завршуваат со едноминутен молк“, граѓаните го искажаа својот револт и повик на одговорност.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што избувна за време на настапот на музичкиот бенд „ДНК“ на 16 март загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ