сабота, 19 октомври 2024

Со возило на авто-школа удрен малолетник, потоа и натепан, на крајот нападнатаи и неговата мајка

Во полицискиот билтен денеска е наведен и случај кога малолетник не само што е удрен со возило на авто-школа, туку е потоа и натепан, а кога дошла неговата мајка, и таа била физички нападната. Случајот така ѝ бил пријавен на полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал. Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ