На свои 90 години, со припомош на младите, потпрен на бастунчето Митрески дојде во Вевчани, пред спомен домот „Михајло Пупин“, а со голем интерес, младите од балканските простори, како и возрасните учесници во кампот, ја ислушаа историската вистина за тоа кој бил Пупин, од каде потекнуваат неговите претци, зошто и како неговата мајка Олимпија, од шестте деца, го испратила токму него во широкиот свет, по глобална наобразба.
Најнапред во Чешка, а од таму во САД, каде станал врвен научник, добротвор, но и дипломат. Личен пријател на тогашниот американски претседател Вилсон, кој го испратил на Мировната конференција во Париз, му ја доверил задачата да ја состави Декларацијата, во која има пасус за Македонија, попрецизно, за самостојна Македонија.
Дека Михајло Пупин, има корени од нашите краишта, потврда е фактот што тој имал посебна Фондација за поткрепа на студии за наши деца од Охрид и Струга, во Охрид за црквата стар Свети Климент го испратил најголемото црковно звоно, во тоа време, лиено во Љубљана, кое и денес одекнува од камбанариојата над Охрид, говорејќи ја вистината за големиот вљубеник во овој свет град.
Истражувањата на д-р Митрески се денеска опшо прифатени во светот како најверодостојни и втемелени врз основа на оригинални документи.
Покрај првичните отпори, денеска е тоа признаено и од Српската академија на уметностите, научната јавност во балканските земји, но и од Руската академија на уметностите.
Проф. д-р Павле Митрески пишува за историјата на македонскиот народ, а посебно за Охридско – струшкиот регион. Објавил преку 140 прилози и 10 научни публикации.
Добар дел од нив се за Миохајло Пупин, а некои со посвета завршија во рацете на учесниците на Петтиот, по тред, Балкански шоетски камп за деца и млади „Ванчо Николески”.
Текст и фото: В. Митаноски