четврток, 12 декември 2024
Ќе се гради булеварот Македонија

Со увид на лице место Арсовска најави голем проект во Скопје

Градоначалничката на Град Скопје со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Објавено на

часот

Сподели

Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак.

Реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ