сабота, 27 јули 2024
Основен кривичен суд Скопје

Со сведоци продолжи судењето за случајот со измамата на болните од ковид во „Жан Митрев“

Со испитување на сведок на предлог на Јавното обвинителство во Основен Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за Жан Митрев. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Објавено на

часот

Сподели

Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од кшовид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ