сабота, 27 јули 2024

Со славење на Санта Луција одбележани 30 години од дипломатските односи со нордиските земји

Со заедничкото прославување на традиционалниот шведски празник на светлината Света Луција, амбасадите на Шведска, Данска, Финска и Норвешка вечерва во Скопје ја одбележаа 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и нордиските земји. По тој повод, амбасадорите Еми Ларсон, Сузан Шајн, Никлас Линдквист и Кристин Мелсом порачаа дека земјите изградиле блиски релации и дека се одбележува вистинско пријателство, како и дека ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија на патот кон Европската Унија, изразувајќи, како што кажале, особен восхит на претседателствувањето на земјата со ОБСЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Стево Пендаровски, на настанот што се одржа во Националната опера и балет, истакна дека нема подобар начин да се одбележи овој голем јубилеј од заедничкото прославување на Света Луција.

„Изминативе 30 години секоја од вашите држави засебно но и нордиските регион како целина, служеа како позитивен пример не само за нас, туку и за југоисточна Европа. Наспроти хроничните балкански расправии и блокади вие во континуитет ја нудите нордиската парадигма на интеграција и кооперација. Вашата поддршка за нашите ЕУ аспирации не е само декларативна, туку и практична, бидејќи инвестирате директно во владеењето на правото и социјалната еднаквост“, рече шефот на македонсата држава.

ед

Пендаровски дополни дека го славиме овој празник на светлината во, како што рече, „екстремно темни времиња“.

Традиционалниот шведски празник Света Луција во Шведска се одбележува во знакот на светлината во темните и долги зимски ноќи. Амбасадата на Шведска во нашата земја, поддржана од Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка, вечерва во Националната опера и балет во Скопје со концерт на празнични песни го прослави овој празник, а воедно и го одбележа јубилејот од 30 години дипломатски односи на нордиските земји со Северна Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ