сабота, 21 декември 2024

Со скалпел се обидел да убие дете во фабрика во Голема Речица

Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело убиство. Како што информира државното Јавно обвинителство, осомничениот на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му исеченици со скалпел кај вратот и десното уво.

Објавено на

часот

Сподели

Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот, наведува ЈОРСМ во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ