сабота, 21 декември 2024
Мајката која побарала помош од институциите со солзи раскажува

Со синџири врзувано аутистично дете во Психијатриска болница, Меџити вели протоколите дозволуваат ако е агресивно, а му треба терапија

Салка Абдуловска, мајка на 17-годишно момче Анес кој е дете со аутузам денес во изјава за дел од медиумите се пожали дека нејзиниот син бил врзуван со синџири во Психијатриската болница во Демир Хисар и дека од тоа има рани на рацете и нозете. За министерот за здравство, Фатмир Меџити нема ништо спорно во овие методи и вели дека се дел од протоколите за да им се даде терапија на пациентите.

Објавено на

часот

Сподели

Момчето посетувало училиште и дневен центар се до моментот кога влегува во пубертетот кој за лицата со аутизам е најтежок период во растењето на овие деца. Родителите побарале помош и детето било сместено во психијатриската болница Демир Хисар каде што останува пет недели. Во тој период родителите го посетиле повеке пати, но не им било дозволено внатре во соба, туку со придружба носено на по неколку минути во двор.

„Ни се јавија да си го земеме детето на неколку дена па после да го вратиме. Болницата добила најава за посета од делегација од Европската унија. Но, кога го земавме, што да видиме, детето едвај стои на нозе, предозирано е со лекови. Има огромни рани од врзувањето кои се длабоки и направени при обидите детето да се ослободи. Нема шанси да го вратиме таму детето. Ние побаравме да го смират и да добива терапија. Не можеме да го препознаеме детето. Ние дојдовме во Битола да живееме под кирија само со цел да му овозможиме подобри услови за развој. Никој ништо не презема ниту ни се јавил за детето после ова, “вели мајката Салка Абдуловска. 

Народниот правобранител во јули годинава соопшти дека е катастрофална состојбата со психијатриските болници „Скопје“ во Бардовци и „Демир Хисар“. Таму нема хигиена, има насилство и повредување, а во „Демир Хисар“ и опрема за врзување и тортура на пациентите.

Министерот за здравство, Фатми Меџити прашан за реакцијата на родителите на детето, рече дека детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија.

„Зборував со директорката. Детето е лекувано според сите протоколи. Таквите деца може да бидат агресивни , затоа според протоколите на експертите од психијатрија во таков случај за да добие терапија , да не се повреди себе, а и другите може на одредено време да се врзува“, вели Меџити. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ