петок, 18 октомври 2024

Со седница, пратениците ќе одбележат 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес

Објавено на

часот

Сподели

На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени, а притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. 

Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

По оваа седница Собранието ќе ја продолжи 121. седница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ