Според Ројтерс, Малезија има мораториум на егзекуциите од 2018 година, кога првично вети дека целосно ќе ја укине смртната казна, а една година подоцна се откажа од тоа, што доведе до незадоволство кај одредени политички партии.
Според усвоените амандмани, доживотниот затвор ќе биде задржан, а најстрогите казни вклучуваат камшикување и затвор од 30 до 40 години.
Извршниот координатор на Азиската мрежа против смртната казна, Доби Шев изјави дека усвојувањето на амандманот е добар прв чекор кон целосно укинување на смртната казна.
„Воглавно на вистински пат сме за Малезија, тоа е реформа која одамна се чекаше“, рече тој.