сабота, 27 јули 2024

Со „Прости му на ѕверот“ Божин Павловски ја комплетираше „Трилогијата на вознесот“

Објавено на

часот

Сподели

„Прости му на Ѕверот” е 30-то книжевно дело на академик Божин Павловски. Покрај 24 романи, тој е автор на две книги со кратки раскази, три тома записи и колумни, како и на патописната проза „Македонците отаде Екваторот”, според која беше снимен филмот „Австралија, Австралија” кој во 1976 година беше апсолутен победник на Меѓународниот фестивал во Белград (Гран при за режисерот Столе Попов, Гран при за сценариото на Божин Павловски, Гран при за камерата на Бранко Михајловски и Гран при за продуцентот “Вардар филм”).
Романите на Божин Павловски досега имале околу стотина изданија на други јазици и многу повеќе на неговиот мајчин македонски јазик. Повеќето од тие дела се достапни на глобалниот англиски пазар во дигитална верзија преку едициите на „Киндл букс”.
На 7 јуни е закажана промоција на романот „Прости му на Ѕверот”. Промотори се академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и академик Катица Ќулавкова, наш врвен поет и есеист.
                                                                                                                                                         

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ