Заедно работиме со српското МВР за изработка на софтвер, кој ќе овозможи, односно ќе го скрати временскиот рок на поминувањето и контрола на граничните премини. Се подготвуваме максимално и за „Табановце“ и за „Богородица“, но и на меѓународниот аеродром за сите заедно да придонесеме гужвите да бидат помали, рече Спасовски.
Според него, најдоброто решение за немање гужви на границите е членството во ЕУ.
„Нема подобра придобивка за граѓаните од тоа да немате граници“, посочи Спасовски.