петок, 18 октомври 2024
Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ

Со „Премостување на поделбите, градење доверба“ до помирување и забрзани евроинтеграции

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира кабинетот на Пендаровски, тој во своето обраќање изрази благодарност до Црна Гора за направените напори изминатата година за време на нивното претседавање со ПСЈИЕ и ги најави приоритетите на македонското претседавање со оваа иницијатива.

Пендаровски истакна дека како претседавач, Македонија ќе се води од принципите наведени во основачките документи кои се од 1996 година, односно добрососедските односи, стабилноста, безбедноста, соработката во ЈИЕ и интеграцијата во евроатлантската заедница на слободни и демократски народи. Тој посочи дека овие принципи се исто толку релевантни и денес, како што биле пред две децении и потсети дека оттогаш бил постигнат значителен напредок во однос на политичката и економската соработка, како што е потврдено со спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2030 и воспоставувањето на Заедничкиот регионален пазар.

Пендаровски, нотирајќи ги етничките тензии во регионот, кои лесно се искористуваат од надворешни актери, како и падот на евроентузијазмот, порача дека од суштинско значење е да вложиме максимални напори за да се спротивставиме на овие тенденции преку дијалог и барање заемно прифатливи решенија со разбирање и почитување еден кон друг.

Тој нагласи дека Македонија посветено го следи овој пат, како што покажаа Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и одобрувањето на преговарачката рамка на ЕУ минатиот јули, што ни овозможи да ги отвориме пристапните преговори.

Во контекст на руската агресија против Украина, Пендаровски ја нагласи итноста за интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и притоа изрази очекување за поддршка од страна на земјите членки на ЕУ за обезбедување опипливи придобивки, вклучително и пристап до фондовите на ЕУ во соодветните области во текот на целиот процес, не чекајќи го неговото завршување.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од неодамнешната објава на претседателот на Европската Комисија за новиот План за раст за Западен Балкан, за кој рече дека е целосно во согласност со нашето барање да се добие одредена предност од членството во ЕУ, пред формалното членство.

Шефот на државата во своето обраќање посочи дека и подобрувањето на енергетската безбедност во ЈИЕ, изградбата на трансевропските транспортни коридори и промовирањето на културните размени, исто така, ќе се рангираат високо на нашата листа на приоритети, за кои изрази уверување дека ќе им служат на пошироките напори на нашата платформа и ќе го одржат просперитетот на целиот регион.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ