сабота, 27 јули 2024

Со предавање на акредитивите Тупанчевски ја почна амбасадорската кариера во Белград

Новоименуваниот вонреден и ополномошен амбасадор на Македонија во Белград, Никола Тупанчевски денеска на српскиот претседател Александар Вучиќ на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма.

Објавено на

часот

Сподели

„Предавањето на акредитивните писма на претседалот на Србија Александар Вучиќ, преставува формално отпочнување на можноста соработката меѓу овие две држави да биде подобрена и истоврмено да се надгради. Ова е вистински момент и во своите тези што ги бранев пред македонското собрание напоменав дека се работи за период што има ренесансен карактер и кој во иднина треба да преставува иницијална каписла во остварувањето на сите замислени можности и форми за соработка“, изјави амбасадорот Тупанчески.

Никола Тупанчески е шестиот македонски амбасадор во Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ