четврток, 16 јануари 2025

Со посредство на мароканскиот крал ослободени се француски државјани

Благодарение на успешното посредување на кралот Мохамед VI, четворица француски функционери кои беа обвинети за шпионажа и приведени од 1 декември 2023 година во Буркина Фасо, се ослободени. Францускиот претседател Емануел Макрон во средата имаше телефонски разговор со кралот Мохамед VI со цел да му се заблагодари за успехот на неговото посредување, се вели во коминикето на Елисеј.

 

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре, позитивно одговори на посредништвото и барањето на мароканскиот монарх за ослободување на четворицата француски државјани кои беа приведени во Уагадугу од декември 2023 година, се вели во соопштението за печатот на мароканското Министерство за надворешни работи.

Овој хуманитарен чин беше возможен благодарение на одличните врски меѓу кралот Мохамед VI и претседателот Траоре, како и на долгогодишните добри врски меѓу Мароко и Буркина Фасо, подвлече Министерството.

Кралството Мароко и Франција одржуваат одлични односи, што е илустрирано со неодамнешната посета на претседателот Макрон. Двете земји имаат стратешко партнерство кое опфаќа повеќе области, вклучувајќи ја и безбедносната соработка.

Односите меѓу Франција и Буркина Фасо се влошија откако капетанот Ибрахим Траоре дојде на власт во септември 2022 година, кога Франција одлучи да ја суспендира својата развојна помош и да воведе визи за државјаните на Буркина Фасо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ