Прославата започна изутрината со света архиерејска литургија во прилепската црква Свето благовештение и со литија. Со богослужбата чиноначалствуваше владиката Петар. Централното чествување беше пред Параклисот посветен на светецот-заштитник во центарот на Прилеп.
Прилепскиот градоначалник Борче Ристески рече дека прославата на Свети Никола е дел од традициите кои градот ги негува.
„Свети Никола е посебен ден и добар патоказ за да се чуваат корените, особено кога ќе се земе предвид дека Свети Никола е заштитник на сиромашниоте, на немоќните, на морепловците. Традицијата е идентитет на секоја држава, а нас како прилепчани нѐ прави горди токму чувањето и негувањето на витинските вредности, верата, традицијата и историјата“, им порача Јовчески на прилепчани.
Годинашниов домаќин, компанијата Комфи Ангел ги покани прилепчани на посна трпеза поставена на булеварот Гоце Делчев во центарот на градот.
„Компанијата по вторпат е домаќин на прославата на градската слава и тоа е голема чест. Многу е битно да се зачуваат вредностите на кои нѐ учи светецот заштитник – Свети Никола. За многугодини да е градската слава и со добра мисла да пречекаме нова, поинаква и посреќна година за сите“, рече Ирена Јакимоска, сопсвеник на компанијата.
Прилепчани велат дека оваа традиција е убава и треба да се зачува, а на младите да им се укаже на чувањето на вредносите.
Годинава, организирано градската слава Свети Никола во Прилеп се прослави по 18-ти пат. Востановена е во 2006 година.
Во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 80.191 мала посна сарма што е дел од посната трпеза за прославата на празникот.
В година, домаќин на прославата на градската слава е локалната самоуправа на Прилеп.