петок, 18 октомври 2024
ЦУК

Со полициски хеликоптер од Крушево се пренесува тешко повреден параглајдерист (ВИДЕО)

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист.

Објавено на

часот

Сподели

Тој има отворена скршеница на едната нога и, како што наведува ЦУК, веројатна повреда на рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево.

Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ