„Со протестот сакаме да го искажеме нашето незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор и да укажеме на неминовноста, односно неопходноста од неговото потпишување веднаш по формирањето на новата влада“, изјави Љубиша Каранфиловски.
Протестот е под мотото „Здравството на протест за плата“, а изјави ќе дадат претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.
Паралелно, денеска, здравствените работници излегуваат на протест и пред здравствените домови низ државата.