сабота, 27 јули 2024

Со писателот Влада Урошевиќ разговараа семинаристите од Летната школа по македонски јазик

Објавено на

часот

Сподели

Слушателите на Летната школа од напреднатите рамништа имаа можност да го следат разговорот што со авторот го водеше новинарката Катерина Богоева, членка на Фондацијата.

„Семинаристите покажаа голем интерес за разговорот со Урошевиќ и за неговиот најнов роман. Покрај прашања за романот и воопшто за неговите прозни дела, се отворија и прашања за поезијата и за неговиот истражувачки порив. Меѓу другото, Урошевиќ со семинаристите сподели и свои сеќавања од Струшките вечери на поезијата, навраќајќи се кон нивните почетоци, токму во годината кога е добитник на Златниот венец“, информираат од МСМЈЛК при УКИМ.

н

Со одржаниот разговор со Влада Урошевиќ МСМЈЛК при УКИМ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ја продолжуваат традицијата на претставување на лауреатите на престижната награда за роман напишан на македонски јазик пред учесниците на Школата.

Некогашниот „Утрински весник“ што ја востанови и ја доделуваше наградата „Роман на годината“ во текот на целото свое постоење (1999 -2017), гостуваше со неколку од досегашните 24 лауреати и на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ. Фондацијата „Славко Јаневски“ продолжи со доделување на истата награда почнувајќи од 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ