сабота, 27 јули 2024

„Со Палестина!“, Таравари ја поздрави изјавата на Сандерс за екстремизмот на Нетанјаху

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците и е еден од лидерите на Вреди, Арбен Таравари, ја поздрави изјавата на американскиот сенатор Берни Сандерс кој остро му реплицираше на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и му кажа дека не е атнисемитизам да се каже дека неговата Влада уби десетици илјади Палестинци и ја разурна Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Со ентузијазам ја поздравувам изјавата на демократскиот сенатор Берни Сандерс, кој даде изјава на поддршка на палестинскиот народ и го осуди масакрот што им се случува на тие луѓе со суровата одмазда на Нетанјаху! Оваа изјава која предизвика  шок во светот, според мене е вистинска, точна, тој е во право. Со Палестина!“, објави Таравари свое видување на изјавата на сенаторот Таравари.

Американскиот сенатор Берни Сандерс пред два дена, реагирајќи на изјавите на  Нетанјаху во врска со пропалестинските протести во САД, преку видео обраќање му порача на израелскиот премиер Нетанјаху, дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000, и дека можеби 70 проценти се жени и деца. Тој уште наведе дека се уништени 26 болници и половина од домовите на Палестинците во Газа.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не навредувајте ја интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“ рече Сандерс.

Сенаторот Сандерс е од Вајоминг и има евројско потекло, но важи за прогресивен политичар и е критичар на американската поддршка на Израел во актуелниот воен напад врз Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ