„Силно верувам дека ова партнерство и сеопфатен професионален план, ќе бидат успешни кон модернизирање на начинот на третирање на отпадот. Ќе ја обезбедиме вистинската услуга за секој граѓанин и ќе ја намалиме количината на депониран отпад, а тоа што ќе се фрли нема да има негативни влијанија врз животната средина. Сега заедно со компанијата Заубермахер сме на пат да ги реализираме овие обврски“м изјави градоначалникот на Тетово Билал Касами.
По потпишувањето на договорот беше претставена дел од модерната опрема за собирање отпад заедно со упатства за граѓаните, кои значително ќе влијаат на подобрување на чистотата на нашиот град.