недела, 3 ноември 2024
За челната позиција беше избрана денес во Собранието

Со ОТА ќе раководи жена, опремата за прислушување ќе ја чува Марија Јаническа

Објавено на

часот

Сподели

Јаническа  е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка.

На огласот што беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе.

Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ