Нетанјаху ова го изјави откако израелските специјални сили ослободија двајца заложници за време на операција во градот Рафа, јужно од Појасот Газа, пренесува Ројтерс.
Нетанјаху го поздрави ослободувањето на заложниците Фернандо Симон Марман (61) и Норберт Луис Хара (70).
„Фернандо и Луиз, добре дојдовте дома. Им честитам на нашите храбри борци за храбрата акција што доведе до нивно ослободување. Единствено продолжувањето на воениот притисок може да доведе до ослободување на сите наши заложници“, напиша Нетанјаху на платформата Икс.